Леклер ќе прави римејк на легендарниот филм на Лелуш

На големо се зборува дека Леклер ќе биде во главна улога на римејк на легендарниот филм C’etait un Rendezvous на Клод Лелуш, а снимањето треба да се случи овој викенд. 

Улиците на Монако ќе се затворат неколку часа за да се случи снимањето кое ќе го води легендарниот режисер, а властите од Монако потврдија дека улиците ќе бидат затворени од 6.45 часот до 9 часот наутро.

Лелуш е познат откако го прикажа краткиот филм снимен низ улиците на Париз каде се вози со голема брзина. Снимањето низ улиците на Париз е без специјални ефекти и снимено “во еден обид“ со камера закачена на предниот дел на неговиот Ферари. 

Новиот филм ќе се вика Le Grand Rendez-vous.

Властите од Париз не биле расположени да ги затворат улиците за Лелуш да знима, барањето на режисерот било одбиено и тој решил да го сними на “своја рака“. Откако го објавил филмот бил уапсен и неговата дозвола била одземена. Филмот постои на пиратска копија многу години пред да се објави на ДВД во 2003 година. Има многу гласини за снимањето и за автомобилот за кој се верува дека всушност бил Ферари 275 ГТБ. 

Иако Лелоуш кажува дека тој возел, се верува дека зад воланот бил Жак Лафит кој е Формула 1 возач. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ