Леклер ќе учествува на тестот на 18-инчни Пирели

Ферари ќе ги користат услугите на Шарл Леклер при тестот на Пирели на 18 инчните пневматици во Херез следниот месец, уште еден показател за важноста на младиот возач во иднината на тимот.

Како дел од развојната програма на пневматиците за 2021 година, Ферари ќе обезбеди тест болид во текот на дводневниот тест во Шпанија помеѓу 8 и 9 Февруари. Мерцедес учествуваа во програмата минатиот месец кога за нив возеше Џорд Расел во Абу Даби по постсезонскиот тест во Јас Марина.

Интересно, Матиа Биното го назначи Леклер, кој има договор до 2024 година, наместо поискусниот Себастијан Фетел чија иднина во Маранело е непозната по оваа сезона.

Според Motorsport.com, Ферари ќе има цел полн ден со 18-инчните тркала, а потоа ќе користи 13-инчни пневматици во вториот ден како споредба за собраните податоци. Пирели се договорија со ФИА да спроведат 25 тест денови годинава пред воведувањето на 18-инчните тркала во 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ