Лемерс: Мерцедес стигнаа до врвот, може и да се откажат

Поранешниот Формула 1 возач, Јан Лемерс, се приклучи кон оние кои сметаат дека Мерцедес може д аго повлечат својот фабрички тим од Формула 1 велејќи дека тие стигнале до зенитот.

Во моментов ниту една екипа нема потпишано Конкорд договор со кој би го потврдила учеството во тркачката серија по 2020 година, иако Верстапен, Леклер, Перез и Окон имаат договори кои ги обврзуваат на верност по таа година.

несигурно е што мерцедес ќе направат на подолг рок. секако дека нема да ме изненади ако кажат дека бил фантастичен период за нив и дека треба да прават нешто друго – изјави лемерс.

Поранешниот возач смета дека по толку многу победување, германците може само да загубат во иднина.

мислам дека шансата за понатамошна доминација статистички е многу мала иако се импресивни и веројатно веќе го достигнаа врвот во однос на перформансите.

Многумина сметаат дека Ред Бул и Хонда се фаворити за претстојната сезона, а Лемерс на тоа вели:

хонда мора да се силни и такви беа на крајот од годината. верстапен потпиша договор врз основа на технчка и спортска доверба во екипата. со договорот макс покажува верба во хонда и во ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ