Лехто: Алонсо е фаворит за место во Рено

Пораншниот Формула 1 возач, Џеј Џеј Лехто, смета дека Фернандо Алонсо е фаворит за местото во Рено, а не финецот Валтери Ботас. Францускиот тим бара замена за Даниел Рикардо кој реши по крајот на оваа сезона да мине во Мекларен. 

Валтери е опција за фабричката екипа на Рено, особено откако неговото место во шампионската екипа на Мерцедес не е сигурно поради се посилниот млад британец Џорџ Расел. 

Валтери секогаш имал едногодишни договори поради недовербата кон него. Сега резултатите на петеката не се важни како претходно, но се надевам дека ќе успее да издејствува уште една година. Валтери е добар за Мерцедес, Успеа да победи на неколку трки и му помогна на Луис Хамилтон – смета лехто.

Има гласини дека менаџментот на Валтери веќе преговара со Ред Бул, но Лехто смета дека тоа не е можно за тимот. 

Како производител на автомобил, Рено е во проблеми и Не е јасно дали ќе продолжат со Формула 1.

Тимот сеуште нема резултати, а веќе имаат и финанскиски проблеми. Алонсо е политичар и тежок човек, но има две титули со Рено. Валтери е возач на Мерцедес кој нема освоено титула, оа е факт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ