Либерти Медиа најавуваат повеќе екипи

Грег Магеи, Претседателот на Либерти Медиа, најави дека Формула 1 може да се прошири на повеќе од 10 тимови. 

Во моментов има 10 екипи и 20 болиди на гридот по заминувањето на Манор во 2017 година, но има интерес за нови тимови. На чело на листата е Мајкл Андрети кој со нетрпение чека да се приклучи на гридот иако сеуште нема никаков одговор од ФИА и спртот. Американецот е подготвен да ги плати парите за учество само за да влезе во тркачката серија.

Има потенцијал да приклучиме повеќе тимови. Мислам дека не е нешто многу итно, Многу луѓе сакаат да се дел од Формула 1. 

Мафеи потенцираше дека во падокот многумина не сакаат повеќе тимови. Еден од нив е и Зак Браун од Мекларен. 

Многу тимови ќе ја намалат наградата. Доколку некој нов тим потпише голем чек, тоа значи дека парите што ги дал ќе се потрошат многу брзо помеѓу тимовите. Мислам дека треба да има повеќе спонзорства. ДОдека да се поделат тие пари ние може да пораснеме уште повеќе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ