Либерти очекуваат брзо завршување на новиот Конкорд договор

Главниот извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, се надева дека следниот Конкорд договор ќе биде поптишан навреме, за разлика од актуелниот кој беше завршен буквално во “пет до дванаесет“.

Темата Конкорд договор кој го регулира комерцијалниот сегмент на екипите во спортот е често тешка и макотрпна тема, има многу различни мислења од сите вклучени екипи на гридот и тоа води до преговори буквално до кајните рокови. Актуелниот договор влезе во сила на почетокот на 2021 година и е валиден до крајот на 2025 година, а веќе постои подготвеност да почнат договорите околу следниот.

потпишавме нов конкорд договор и како секогаш сакаме тоа да се прави многу брзо. балансот кој го имаме на гридот е многу важен. ако се вратите не толку многу во инатото, неколку екипи од гридот бараа редовно заеми од формула 1 за да преживеат и да го осигураат своето учество во тркањето.

денеска, по работите што ги направивме, системот е многу здрав и одржлив финансиски, а бизнисот има далеку поголема вредност. тоа е нешто што сите вклучени во спортот го признаваат. кога ќе дојде правилното време, ќе седнеме затоа што екипите разбираат каде го водиме спортот и дека правиме да биде добро за нив и очекувм брзо да се договориме. тоа може да се случи скоро, но мораме да се подготвиме на најдобар начин со сите елементи кои се присутни – објасни стефано доменикали.

Се шпекулира дека првичните договори помеѓу Формула 1 и ФИА се веќе започнати особено околу процесот на новите екипи кои треба да се приклучат на спортот по крајот на 2025 година. Но, Мафеи посочи дека брзо и едноставно завршување со Конкорд договорот може да биде добро за сите.

стефано и јас разговаравме за новиот конкорд договор, што ние сакаме и што ќе се бара од нас. мислиме дека е од општ интерес, наш, на екипите и на фиа, успешно и брзо да ставиме се на маса, да го потпишеме договорот и да продолжиме со другите работи. не сакам повторно да доаѓаме до крајниот рок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ