Либерти ургирале Ред Бул да го потпишат Алонсо

Либерти Медиа ургирале до Ред Бул да потпишат договор со Фернандо Алонсо, но Формула 1 екипата била свесна дека само споменување на името на Нандо пред јапонците од Хонда ја комплицира целата работа.

Шпанецот замина од Формула 1 на крајот од минатата сезона, а Либерти загуби поради огромниот број на фанови кои Фернандо ги имаше и поради тоа го сакаат назад во тркачката серија. Според германски Audo Bild, сопствениците на спортот побарале од Ред Бул, доколку е тоа можно, да го ангажираат Нандо, но од Милтон Кинс добиле негативен одговор.

веднаш одговоривме дека немаме апсолутно никаква потреба од алонсо.

невозможно е тој да дојде кај нас поради нашиот партнер хонда. ако тие го чујат неговото име, косата им се крева нагоре – изјави советникот на тимот, доктор хелмут марко.

Но, американските сопственици не се откажуваат и работат на останување на Хамилтон на гридот и враќање на Алонсо. Според германскиот печат, Либерти го сакаат Луис во Ферари, а како негова замена во Бракли го предлагаат Алонсо, нешто што за нив би било “машина за пари“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ