Лизгав како на мраз, откри Хамилтон

Луис Хамилтон откри дека бил многу блиску до судар во оградата за време на Гранд При трката во Монако која стана хаотична штом се појави дождот.

На почетокот имаше само изолирани мокри делови како на пример Мирабу каде беше најлошо, а во тие моменти Луис преку тимското радио го изјави следното:

доаѓаме до момент кога станува многу опасно.

За разлика од Џорџ Расел, Хамилтон не направи грешка на патот до 4то место на крајот од трката и ставајќи притисок над Естебан Окон до крајот. Објаснувајќи ја својата загрижувачка порака, тој појасни:

се чувсвував лабаво и гумите не работе како што требаше, така што лизгав како да возам на мраз. по некое време, гумите се загрејаа и почнав да се чувствувам подобро, но на многу места бев многу блиску со излетување и судар.

беше навистина многу лошо, немам соодветен збор да опишам колку тешко беше. од моја гледна точка, не можев да ги загреам интермедиа гумите, така што немав перформанси.

преминот од едни гуми на други беше добар, но загуби малку време во однос на останатите кога менував и тоа беше негативно и ми ја направи работата потешка, но без грешка завршив рутинирано.

Со пласманот во Монако, тимот од Бракли е на само поен од Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ