Локалното население против Ф1 трка во Ница

Предложените планови за организација на Формула 1 Гранд При трка во француска Ница уште во почетна фаза наидоа на проблеми.

Естебан Окон, францускиот возач на гридот изрази поддршка штом почнаа шпекулациите дека трката на Пол Рикар може да се премести во Ница.

штета е ако го загубиме пол рикар, но ако можеме да најдеме решение и да продолжиме во иднина да имаме француско гранд при би било одлично. ница плус монако секако би било совршено – посочи окон.

Според француски BMFTV кој го пренесува спортот, голема група на локално население не е среќно и задоволно од можноста за Формула 1 трка во нивниот град. Тие започнале петиција пред пет денови и веќе имаат над 1.000 потписи од луѓе кои сметаат дека тоа е непотребно трошење на државни пари, носи еколошки проблеми и ќе го наруши животниот стандард во градот.

Давид Накаче, претставник на локалците изјави:

пред две години градот изгласа субвенции за гранд при трката во ле кастеле, а сега, три години потоа, бараат нова дестинација и градор ница веднаш прифати да организира нешто такво. начинот на кој се менаџираат јавните средства е шокантен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ