Лоренс Строл го зголеми уделот во Астон Мартин

Сопственикот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл, се очекува да го зголеми својот удел во Астон Мартин, одлука која што следува по уште еден драстичен пад на вредноста на акциите на британскиот бренд.

Во Јануари, Строл и група на инвеститори внесоа капитал од 182 милиони фунти во размена за 16.7 проценти од компанијата. Групата исто така се согласи на краткорочен заем за Астон Мартин од 55.5 милиони фунти. Севкупно, Астон Мартин се очекува да добие вкупно 500 милиони фунти од инвеститори. Сепак, надолниот тренд на акциите на компанијата под влијание од пандемијата на Корона вирусот, ги принудија Астон Мартин да го променат првичниот план за спас воден од Строл.

Астон предупредија дека пандемијата веќе влијае над побарувачката во Кина и Азија-Пацифик и има потенцијал да го има истиот ефект во другите пазари.

Новиот договор, објавен во Петок навечер, ќе им овозможи на Астон Мартин 536 милиони фунти, а Строл ќе внесе 171 милион фунти, наместо 182, во замена за 25 проценти сопствеништво во компанијата. Дополнително, краткорочниот план сега се искачува на 75.5 милиони фунти со цел компанијата да ги исполни своите финансиски обврски.

Има значителна промена во светските пазари во кои Астон Мартин функционира. Тоа што не се промени е нашата посветеност да и овозможиме на компанијата потребни средства периодов и да испорачаат во иднина на долгорочен план – изјави Строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ