Лоренс Строл разочаран од конкурентите

Сопственикот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл одбива да признае дека неговиот тим не работел согласно правилата во однос на копирањето на каналите за ладење на својот РП20 болид од ланскиот Мерцедес В10 и најави дека ќе превземе се што е потребно да докаже дека се невини.

Во исто време, канадскиот милијардер е разочатан што Ферари, Мекларен, Рено и Вилијамс изразија намера да за желат на одлуката на стјуардите оф ФИА, нарекувајќи го нивното однесување “очајна спортска култура“. Четирите екипи најавија дека имаат намера да се жалат поради тоа што не се задоволни со казните, а жалба за поблага казна ќе поднесе и Рејсинг Поинт.

ретко јавно зборувам, но сега сум многу лут на сите натписи кои велат дека сме мамеле, особено коментарите кои доаѓаат од нашите конкуренти. никогаш за ништо во животот не сум мамел и тие обвиненија се неприфатливи, неосновани и невистинити.

мојот интегритет како и интегритетот на екипата не смее да бидат под сомнеж затоа што сите во рејсинг поинт беа шокирани и разочарани од казната на фиа и сите сакаме да ја докажеме нашата невиност. оваа екипа под различни имиња се трка во формула 1 повеќе од 30 години, а денеска има 500 вработени. секогаш сме биле конструктор и така имаме намера да продолжиме и во иднина.

во текот на овие 30 години екипата била на дното, во последно време сме над очекувањата и можностите, така што имаме фантастична група на луѓе. помеѓу 2016 година и 2018 година бевме 4та најдобра екипа на гридот и со многу помал буџет многу често бевме на подиум.

излеговме од постапка на администрација со стабилни и свежи инвестиции екипата стана конкурентна на изненадување на многумина. сега можеме конечно да го реализираме нашиот потенцијал и да ги славиме силните перформанси – вели строл.

Канаѓанецот продолжи со цитирање на елементи на одлуката на стјуардите на ФИА вклучително и фактот што не се исклучува трансферот на делови од Мерцедес кај нив на 6 Јануари, но и промената на спорниот дел од една на друга листа.

немаше соодветно водење и појаснување од фиа во однос на тоа како да се изведе транзиција кон деловите кои не се на листата и ние тоа го направивме во духот на добрата намера и почитување на правилата.

правилата, онака како што се напишани, велат дека по 2019 годин нема да смее да се споделуваат информации за дизајнот на каналите за ладење на сопирачките. во тој момент ние веќе имавме знаење за нив и бевме оставени сами да го направиме делот за оваа година, токму тоа што го направивме.

да појаснам, немаше водење во процесот од фиа или некоја друга страна во тој момент на транзиција, а рејсинг поинт доби писмена потврда од фиа во март годинава дека сме во согласност со правилата. неделава бевме шокирани со новата клаузула која ни ја откри фиа, нешто што никогаш претходно не сме го виделе.

јасно е дека сме во согласност со техничките правила, но изненаден сум од начинот на кој рено, мекларен, ферари и вилијамс ја користат оваа можност да се жалат за да го намалат нашето внимание од одличните перформанси

ни го валкаат името низ кал и нема да стојам и да гледам и да прифатам такво нешто. намеравам да превземам се што можам за да докажам дека сме невини.

мојата екипа неуморно работеше за да испорача конкурентен болид на гридот и многу сум вознемирен од лошиот спортски дух на конкутентите. разбирам дека ситуацијата во која се наоѓа фиа е тешка и комплицирана од многу причини, но ги почитувам и поради се што прават за да најдат решение во најдобар интерес на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ