Луис и Тото не сакаат преговори

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека тој и Луис Хамилтон не сакаат да преговараат за договори затоа што се многу блиски пријатели.

“Сребрените“ доминираат со Формула 1 цела В6 турбо хибридна ера и го освоија сите 6 двојни титули до сега. Хамилтон е дефинитивно главен во машинеријата од Бракли откако освои 5 возачки титули со нив, а сезонава цели на својата 7ма и изедначување со легендарниот Михаел Шумахер.

Сепак, согласно актуелниот договор, Хамилтон треба да ја одработи уште оваа сезона, а Ферари уште лани се интересираа за нивните услуги. Волф најави дека наскоро ќе седнат да се договорат, иако не се никакви фанови на преговори.

динамиката која ја имаме е одлична, се познаваме многу долго време и многу се почитуваме. секој тркач ја знае својата вредност, а исто и ние, а од друга страна луис е свесен каде сме како тим и како компанија.

целосно гледано не ги сакам овие преговори затоа што сме блиски пријатели, искрени сме еден со друг на ова патешествие, но што можеме, ова е дел од работата – појасни волф.

Хамилтон за сега не сака ништо да открива освен дека Мерцедес сакаат да остане кај нив.

волф е неверојатен бизнисмен и многу научив од тој човек. мислам дека е привилегија е што сакаат да останем да бидам дел од таков голем тим., чувството е одлично и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам во успехот на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ