“Луис, овде е Џејмс“ … Запознајте го стратегот на Мерцедес

“Луис, овде е Џејмс …“ е порака по тимското радио во Мерцедес која досега сме ја слушнале во повеќе наврати и секогаш означува клучен момент во расплетот на трката.

Тоа беше случајот и на Големата Награда на Унгарија, каде главниот стратег на германската екипа повторно донесе клучна одлука која на крајот го всушност го одлучи и победникот на трката.

На 22 кругови до крајот Мерцедес го повикаа Хамилтон повторно во бокс, за промена на медиум пневматици и кој откако излезе имаше пред себе “планина“ од 20 секунди кои треба да ги надомести и секако со доволно време да го претекне Макс Верстапен. А знаеме колку е “лесно“ да се претекне талентираниот холанѓанец во Ред Бул.

Кој стои позади овие клучни стратешки одлуки во екипата на Мерцедес? Не, не е Тото Волф. Тоа е Џејмс Ваулс.

Во блиско минато, Ваулс беше одговорен за стратегија во екипата на Браун ГП, каде се покажа како еден од главните фактори кои ја обезбедија шампионската титула во 2009 година.

Пред Браун ГП, Ваулс работеше како инженер во претходниците на Браун ГП, Бритиш Американ Рејсинг и Хонда Рејсинг Ф1, екипи кои сега се познати како Мерцедес АМГ Петронас.

40 годишниот британец е роден на 20 Јуни 1979 година во Фелбриџ, Англија. Ваулс има диплома од Меѓународното Школо на Женева, каде дипломирал во 1997 година. Своето образование го продолжува на Универзитетот на Источна Англиа, од каде има диплома по Компјутерски Науки и дипломира во 2000 година. Желен по успех, Џејмс ја продолжува својата едукација на Универзитетот Кранфилд во Англија, каде станува Магистар за Моторспорт Инженеринг и Менаџмент во 2001 година.

Џејмс ги откри тајните на стратегиската игра во една Формула 1 екипа во скорешно интервју. Ви пренесуваме дел од неговите одговори.

Кои се одговорностите на стратегистот во една Формула 1 екипа?

Тркачката стратегија повеќе не е задача за една личност, како што беше во минатото. Сега тоа е цел тим на луѓе со познавање на математика или инженеринг кои се способни да ја следат трката, не само неколку кругови, но од гледна точка на проблеми. Со други зборови, секоја одлука која ќе ја донесете, секој круг како што одминува, секој податок има веројатност кој влијае над тоа дали да влезете во бокс, со кого ќе бидете во дуел и што треба да му пренесете на возачот.

Што значи да се донесе одлука во овој тим?

Имаме група на луѓе на патеката и во фабриката, кои анализираат и споделуваат податоци во текот на трката. Како главен стратег, конечната одлука припаѓа на мене, а понекогаш мора да се донесе во неколку секунди.

Имам фантастичен тим на инженери кои ме подржуваат и ми ги пренесуваат сите потребни информации. Исто така имаме и комплексни симулации и модели кои ни помагаат да ја донесеме одлуката, но на крајот, човечкиот фактор е тој кој одлучува.

Какви податоци бараш или очекуваш и колку редовно ги добиваш?

Користиме повеќе канали на податоци од болидот, понекогаш ги собираме/зачувуваме податоците 10,000 пати во секунда. Зависи  од тоа какви податоци ни се потребни, од нашите болиди и од конкурентите, собираме се, звук од моторите, видео, ГПС. Има можеби скоро 15 различни извори на податоци за конкурентите и се обидувате да ги искористите сите со цел да ја имате целата слика околу тоа што ќе правите и како ќе го направите.

Колку е важна брзината на создавањето на таа севкупна слика?

Брзината на нашата реакција е прв приоритет. Нашите трки се случуваат во многу краток рок во однос на нормални компании. Имаме само неколку часа да конзумираме гигабајти од податоци, да ги разбереме и да ги анализираме до најмали детали. Формула 1 се сведува на таканаречени маргинални добивки, подобрувањето од малата половина од процент. За да стигнете до тоа ниво на детали, мора да ги имате вистинските алатки и системи кои ќе ви го овозможат тоа.

Како користиш предиктивна анализа како подршка за тркачката стратегија?

На крајот на денот, тркачката стратегија се сведува на само предиктивна анализа. Тоа што ние се обидуваме да го направиме е да го прогнозираме исходот од необработените податоци. Тоа што го бараме, колку подобро ги обработите податоците, толку подобри резултати ќе имате на крајот. Тука сме за да победиме, а за да победиме потребно е да ги разбереме сите податоци и да направиме разлика помеѓу тоа што е важно, а што не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ