Луис “скромно“: Не постоело возач како мене

Седумкратниот првак, Луис Хамилтон, ја имаше најлошата сезона во свјојата кариера во 2022 година, сезона во која не успеа да победи на ниту една трка што му се нема случено.

Мерцедес и нивната погрешна аеродинамика им донесе потскокнување кое буквално им ги уништуваше перформансите, а на инженерите им требаше доста време пред да го стават проблемот под контрола.

Сезоната број 16 на Луис во Формула 1 го стави зад Фернандо Алонсо, Кими Раиконен и Рубенс Баричело по бројот на одработени Гранд При трки со 310 стартови, но статистиката вели дека ниту еден возач не победил на трка по својот 300ти старт.

да не заборавиме дека никогаш немало возач како мене – самобендисано изјави хамилтон за Formula 1 Magazine.

Но, повеќе од јасно е дека ако Мерцедес не направат конкурентен пакет, возачот нема да има шанса да помириса рекордна 8ма титула.

сакавме жестоко да нападнеме по болната 2021 година и поради тоа сакавме револуционерен концепт.

но, брзо сфативме дека со таков болид не можеме ништо да направиме. ако нешто можам да кажам за минатата година тоа е дека екипата стана поотпорна и порешителна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ