Луис со услов до Мерцедес: Тото и јас одиме во пакет

Луис Хамилтон отворено појасни дека неговото останување во Мерцедес е поврзано со иднината на тимскиот шеф, Тото Волф, во екипата од Бракли.

Шесткратниот првак појасни дека сака да продолжи да се трка со Мерцедес до крајот на својата Формула 1 кариера, а потоа би бил некаков амбасадор на Даимлер, но призна дека ќе почека пред да ги дефинира сите услови во својот договор по 2021 година.

кога сте во некоја екипа толку долго станувате како “сијамски близнаци“. потребно е време за да се договорати сите детали, но мора да се почне од некаде, од целите и плановите – појасни волф.

Се чини дека клучна компонента во одлуката за останување на Хамилтон е иднината не неговиот шеф, Тото Волф, односно дали австриецот ќе продолжи да го води тимот откако се посилни станаа шпекулациите дека тој ќе го замени Чејс Кери на чело на спортот.

свесен сум дека предолго останување на едно место може и да не биде позитивно и секогаш ги советувам луѓето да ги рашират крилјана и да го прават тоа што мислат дека е најдобро за нивнит екариери.

како бизнис, потребно е да ги имате вистинските луѓе на вистинско место, а тото беше совршениот човек за оваа екипа. поради тоа јас не сакам да замине затоа што ако тој сака да останам, јас дефинитивно останувам.

оваа екипа не ја сочинува еден човек, се работи за голема група луѓе, но мене ми е важно да видам што сака да прави тото во иднина.

спортот исто така сигурен сум дека ќе биде во добри раце кога некој како него ќе го раководи, а не знам што ќе бие позабавно – појасни луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ