Магнусен гo објасни судариот со Строл

Кевин Магнусен го имаше своето прво откажување сезонава на Големата награда на Мајами, по она што се покажа како тешка завршница на трката за него.

Откако се бореше за поени во поголемиот дел од настанот, Магнусен направи пит-стоп за време на безбедносно возило, по сударот помеѓу Ландо Норис и Пјер Гасли во 41от круг. Кога трката започна повторно, Магнусен се најде во битка со Астон Мартин на Ленс Строл и дуото оствари контакт возејќи во свиокот 2. Возачот на Хаас вели дека се здобил со оштетување на предното крило при акцијата по повторното стартување.

Кога бевме под безбедносното возило, мислев дека тоа е најдоброто нешто, да влезам во бокс.

Тоа беше моја одлука, можеби тоа не беше најдоброто нешто, но ако беше грешка, тоа не беше грешка на тимот.

Можевме да освоиме поени. Имавме оштетување на предното крило по рестартирањето, прилично мала штета, Така што без тоа, мислам дека немаше да се борам со Строл на крајот – посочи к-маг.

Вториот судар на Магнусен со Строл дојде кон самиот крај на трката и тој објасни што се случило во секој инцидент.

Првиот контакт беше во свиокот број 2, јас бев од надворешната страна од него, на излезот од свиокот број 3, а тој само отиде широко, претпоставувам отиде на тротоарот или нешто слично.

Тогаш ја добив штетата. Јас го поминав целиот стинт, а потоа, во вториот стинт до последниот круг, тој ме нападна во свиокот 11, а потоа беше истото, закочив предоцна и го удрив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ