Магнусен: Двајца директори на трка носат повеќе недоследности

Преминувањето на ФИА да користи двајца директори на трки во Формула 1 за оваа година ќе го направи потешко разбирањето на вистинските правила – смета возачот на Хаас, Кевин Магнусен.

Како дел од одговорот на контроверзниот крај на сезоната во Абу Даби, ФИА ги назначи Нилс Витич и Едуардо Фреитас да го заменат поранешниот директор на трка, Мајкл Маси. Витич е поранешниот директор на трка во ДТМ, и тој ја превзеде одговорноста од почетокот на годината во Бахреин пред Фреитас од светскиот шампионат за издржливост да дојде за Големата награда на Шпанија и Монако.

Витич се најде во центарот на вниманието на Баку откако ги наведе промените во правилата за излез од боксот, кои сега им дозволуваат на возачите да ги допираат  белите линии сè додека целото тркало не мине над истите. Ова следува по неуспешниот протест на Ферари против главниот ривал Ред Бул во Монако, откако и Макс Верстапен и Серхио Перез нагазија на белите линии при своите излези од гаражата.

Ова доаѓа во време на поплаки за недоследност од раководното тело, бидејќи се обидуваат да наметнат повеќе тврд став во напорите да ја поправат својата перцепција по Абу Даби. На сила стапи правилото за ограничување на возачите кои носат накит во болидот, но сепак беа дадени исклучоци.

Кога Магнусен беше прашан во четвртокот во Азербејџан дали забележал разлика помеѓу пресудите на двајцата директори на трката на ФИА, тој рече:

Мислам дека има разлика. Можеби стана малку потешко во моментов да се разберат вистинските правила, Тие само треба да се обидат повеќе да го разберат тоа и да разговараат со момците.

Мислам дека беше поконзистентно во минатото отколку сега. Би било убаво нивниот став или начинот на кој ги толкуваат правилата да бидат целосно конзистентни. Тогаш како возач би било полесно да се разбере, Но ова е она што го имаме. Има причини за доаѓањето на новите луѓе и смената во ФИА.

Не се грижам премногу за тоа. Ова е она што го имаме. Тоа е како да се грижам за времето затоа што Не можам да го променам и Само се обидувам да се справам со тоа.

Во меѓувреме, возачот на Алфа Таури, Јуки Тсунода, изјави за медиумите:

Не и верувам на ФИА. Цело време е супер неконзистентно. За мене, јас само ќе се држам до она што го вели регулативата или само најбезбедно колку што е можно за да не западнам во неволја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ