Магнусен дел од Пежо ВЕЦ тимот

Кевин Магнусен стана нов возач на фабричкиот Пежо тим во Светската ендјуранс серија и со тоа стави крај на шпекулациите кои велеа дека е можно да се појави како резерва во болидот на Хаас, доколку екипата има потреба за тоа.

Пежо ги објави своите возачи во Понеделник за следната ВЕЦ тркачка сезона откако Стаинер не исклучи можност Магнусен или Гросжан да менуваат во Формула 1 тимот доколку има потреба за тоа.

гунтер ми е добар пријател како и многу други во екипата на хаас, но немам интерес и желба за одработување на некоја трка за нив сезонава – изјави магнусен кој веќе го имаше своето деби во имса за чип ганаси рејсинг.

сакам целосно д се посветам на тоа што го правам затоа што ми недостига победувањето. седум години бев во формула 1 и не гледам што би ме привлекло да одработам уште една трка таму.

Запрашан дали дефинитивно е крај на неговата Формула 1 кариера, данецот објасни:

ако мерцедес побара од мене да возам, тогаш нема човек што сериозно не би размислил, но јас минав доста време во формула 1 и направив се за да бидам успешен. подготвен сум да се тркам на друго место и да победувам повторно, тоа го сакам.

Тој појасни дека продолжува да се развива и подобрува како возач и подготвен е да продолжи понатаму,

продолжувам да се развивам како возач иако резултатите со хаас не беа добро. мислам дека сум на добро место со големо искуство и ќе напредувам.

К-Маг е сигурен дека спортските автомобили и комплетирање на сезона во ВЕЦ со Пежо ќе биде совршено за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ