Магнусен за своите цели и очекувања

Кевин Магнусен е свесен дека возбудата или недостатокот на истата сезонава директно ќе зависи од изданието на тимот од Австралија по 6те денови предсезонски тест. Данскиот возач е на прагот на својата 6та Формула 1 тркачка сезона и повторно ќе одработи за Хаас.

Американскиот тим го откри својот ВФ20 болид преку социјалните мрежи во Понеделник, додека неделава возеа во Барселона, а официјална промоција ќе биде пред почетокот на првиот тест ден во Шпанија.

сезоната во многу зависи од тоа како ќе се одвиваат предсезонските тестови, ако покажат дека имаме лош болид, тогаш очекувањата за првата трка ќе бидат поинакви. слично, ако покажат дека имаме силен пакет, тогаш ќе очекуваме многу. возбуден сум во пресрет на тестот годинава и знам дека имаме одличен болид – смета магнусен.

Во 2018 година американците завршија на 5то место кај конструкторите, додека лани паднаа на предпоследно со само очајниот Вилијамс зад себе. Двете сезони Хаас ги почнаа различно.

се обидуваме да пристапиме на тестовите независно од личните очекувања кои ги имаме, независно од загриженоста и стравот. се обидуваме да одработиме професионално и да му помогнеме на тимот исто така затоа што имаме на располагање се што ни треба. потоа само се надеваме и сме нетрпеливи дека болидот е силен.

морате да се осигурате дека давате се од себе за да му помогнете на тимот на најдобар можен начин со болидот. последните два предсезонски тестови бевме многу конкурентни со добар болид, а во 2018 година такви бевме и во текот на сезоната.

лани бевме послаби, но на тестот бевме силни што не го покажавме во текот на сезоната. иамвме слабости кои ни носеа проблем на трка.

убеден сум дека годинава тимот ќе ни даде добар болид и се надевам дека сме научиле се од лани и ќе имаме одлична сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ