Магнусен и Латифи повикани кај стујардите

Кевин Магнусен од Хаас и Николас Латифи од Вилијамс се повикани кај стујардите за инцидентот по рестартот после безбедносното возило во 7от круг кој го предизвика првото црвено знаме на трката во Тоскана.

Првата трка на Муџело го доби првото црвено знаме по само 7 комплетирани кругови кога Валтери Ботас си “играше мајтап“, а во средниот ред не се знаеше “кој пие, а кој плаќа“ по што дојде до карамбол. Валтери Ботас не забрзуваше до последен момент кога се случи карамбол ефектот и голем судар.

Магнусен прикочи да избегне судар со болидите пред себе додека на него налета Антонио Џовинаци. Покрај нив двајца трката ја завршија и Карлос Саинз и Николас Латифи како последица од сударот.

ФИА го разгледува инцидентот и ги повика Магнусен и Латифи за потенцијално прекршување на правилоти 39.13 од спортските правила.

За да се избегнат инциденти пред безбедносното возило да се врати во боксот, од моментот кога светлата на болидите се изгасени тие треба да го задржат темпото и да нема нагли забрзувања или сопирања ниту со некој маневар да се загрозат другите возачи или самиот рестарт – гласи правилото.

За новинарите Магнусен изјави дека не е сигурен за тоа кој е виновен за инцидентот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ