Магнусен незадоволен што стјуардите го натерале во бокс

Кевин Магнусен е фрустриран што контролата на трка му дала насоки да мора да влезе во бокс по поправки откако имаше ситно оштетување на предното крило откако се бореше со Луис Хамилтон на стартот на Канадското Гранд При.

Данецот имаше подобар старт од Мерцедес и сакаше да ја превземе позицијата на сеумкратниот првак пред да има контакт со предното лево тркало на британецот, а потоа загуби позиција и од Џорџ Расел. Му беше покажано црно-портокалово знаме од страна на контролата на трка, што значи задолжително влегување во бокс за санирање на штета.

предното крило ми беше изгребано и ми наредија да влезам во бокс. крилото беше безбедно, не беше воопшто скршено. помислете на џеда лани кога милтон се тркаше со половина предно крило, јас мислам дека тоа е во ред, но не е во ред тоа што овој пат ми наредија да влезам во бокс.

во монако не стартувавме поради тоа што росеше, тука ме повикаа затоа што ми беше изгребано крилото – незадоволен е к-маг.

Тој ја заврши трката на 17то место откако почна на 5та позиција.

влеговме во бокс во 10от круг за да се обидеме цела останата трка да ја одработиме на хард гумите и знавме дека ќе биде многу тешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ