Магнусен: Нетфликс го направија Гросжан мој непријател

Кевин Магнусен изјави дека серијалот на Нетфликс, Drive To Survive, го направило неговиот тимски колега, Роман Гросжан, да изгледа како негов непријател.

2019 година беше тешка сеозна за Хаас по неколку судари на патеките помеѓу двајцата возачи. Втората сезона од серијата исто така покажа како се вжештиле односите помеѓу Кевин и тимскиот шеф Гунтер Стаинер по Британското Гранд При каде двајцата возачи по сударот имале расправија со Стаинер.

Втората сезона исто така покажа неколку тензични моменти помеѓу Кевин и Роман, нешто што во вознемирува данецот кој смета дека тие имаат добар однос, а Нетфликс ги направиле да изгледаат како непријатели.

Всушност имаме добар однос, разговараме помеѓу трките, со неговата сопруга, децата, така што не е во ред да сметате дека Роман и јас сме непријатели. Роман сака едрење, а неколку пати правиме работи заедно бидејќи ни се допаѓаат. Би помогнало да не се опишува негативна слика за нашата врска.

Спортот понекогаш е таков. Понекогаш викате на другите, но кога ќе заврши и сте во иста просторија е целосно поинаку. Нетфликс ги прикажаа тие моменти откако само што сме ја извадиле кацигата, но тоа е во ред, покажува каква може да биде Формула 1.

Но, во исто време, се надевам дека гледачите разбираат дека Формула 1 не е само тоа што го гледате на Нетфликс. Ги гледате добрите и лошите моменти, највозбудливите, но не гледате што се случува помеѓу сето тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ