Магнусен не се согласува со критиките за новите гуми

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, смета дека Формула 1 екипите треба да ги изберат следните гуми врз база на анализа за тоа што ќе донесе најдобро шоу, а не само себично да се грижат да не ги загубат перформансите.

Екипите добија можност на петочната сесија во Остин да ги пробаат најновите гуми од Пирели и најголем дел од возачите негативно го оценија новиот производ на италијанците за кои сметаа дека нема грип. “На маса“ е и спроведување гласање за отфрлање на гумите за следната година и возење со тековните.

тешко е до крај да се испочитува мислењето на возачите и екипите затоа што сите сакаат да стекнат некаква предност и гледаат само што е најдобро за нив. на крајот на денот гумите се исти за ситре и формула 1 треба да ја одбере гумата која носи најдобро шоу. точка – смета магнусен.

Данецот е отворен и за носење на втор снабдувач со гуми во спортот како што беше до 2006 година кога Бриџистон и Мишелин доставуваа свои производи на гридот.

би сакал да го видам тоа затоа што ми изгледа возбудливо, но има многу други фактори кои отежнуваат таков развој на настаните.

еднаш сум возел 18-инчни тркала, но не во формула 1 туку во светската серија на рено за тест на мишелин и беше катастрофа.

нетрпелив сум да видам како ќе биде од 2021 година со новите правила кои треба да не зближат повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ