Магнусен не уживал во саботниот спринт

Кевин Магнусен откри дека бил премногу зафатен грижејќи се за своите гуми и поради тоа заборавил да ужива на саботниот спринт во Бразил.

Данецот ја освоил пол позицијата не петочните квалификации, а тргна и одлично на спринтот не дозволувајќи никој да го загрози на почетокот, но Макс Верстапен возеше само три кругови зад него пред да го мине. Го минаа и останатите болиди од топ 3 екипите и беше на прагот да заврши на 7мо место како најдобар од останатите, но тука беше Ландо Норис за да го претекне и да финишира пред него.

Сепак, поен за 8мо место беше многу корисен аз неговата екипа во борбата со АлфаТаури во конструкторскиот поредок по што американската екипа во моментов има предност од два поени пред малата екипа од Фаенца.

навистина заборавив да уживам возејќи, се гиржев премногу за гумите и се обидував да влезам во ритам и заборавив дека треба да уживам затоа што тргнав од пол позиција. мојата борба беше за 7мо и 8мо место, но целта беше да се одржат гумите.

знаев дека оние зад мене се далеку побрзи и ќе ме претекнат така што сакав во тој процес да загубам колку што може помалку време за да завршам колку што може повисоко.

трката испадна речиси како што очекувавме, ритамот не беше совршен за да го задржам норис зад мене и тој беше пребрз за да не ме претекне. но, извлеков поен од спринтот, водев неколку кругови, тргнав од пол позиција прв пат во кариерата што е сјајно – задоволен од спринтот е магнусен.

Данецот го пофали тимот и се што направиле во текот на викендот.

беа многу фокусирани, целата радоста од петок ја оставија за момент на страна и се фокусираа на трката за да извлечеме максимум и повторно да се радуваме. овие квалификации ќе останат долго да се потсетуваме дека е важно да сме фокусирани и да не се откажуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ