Магнусен победи во милионската тужба од својот поранешен менаџер

Веќе проанешниот возач на Хаас, Кевин Магнусен, може конечно да се концентрира на нов живот и нов предизвик откако победил во четиригодишниот судски процес тежок повеќе милиони фунти започнат од неговиот поранешен менаџер.

Источниот Врховен Суд на Данска донесе одлука дека Магнусен нема да треба да плати 20% од неговите бруто приходи од 2015 година до денеска на Дорте Риис Мадсен кој дополнително ќе мора да ги плати и судските трошоци во износ од 65 илјади фунти.

Пресудата против која нема право на жалба е посилна од претходната пресуда од Градскиот Суд во Копенхаген во 2018 година која беше во корист на Мадсен. Врховниот Суд одлучи дека Мадсен нема право на 20% од компанијата формирана од Магнусен и милијардерот Андерс Холч Повлсен. Сослушувањето почна во 2017 година, а пресудата значи дека данецот може да ужива во заработеното и да се посвети на иднината.

судскиот процес секако дека влијаеше врз него и врз неговиот живот, но сега се е во ред и не мора да се грижи за ништо, може да сврти нов лист во животот. мило ми е што повеќе не мора да мисли на никаков судски процес туку може д асе посвети на својто живот – откри неговиот татко, јан магнусен, исто така тркач.

Следниот викенд К-Маг ќе се трка на 24 часа Дејтона за својата нова екипа Чип Ганаси Рејсинг во Американската ИМСА тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ