Магнусен посакува Формула 3 тест на Имола

Кевин Магнусен откри дека сака да тестира Формула 3 болид во пресрет на трката на легендарната Имола во Сан Марино која е закажана за Ноември годинава.

Патеката не била домаќин на трка од 2006 година, но годианва е вклучена на таканаречениот “корона календа“ како замена за некој од многуте откажани трки.

Формула 1 реши да има дводневен тркачки викенд составен од трка, квалификации и само една 90-минутна сесија со Сабота наутро, иако Макс Верстапен ја нарече таа идеја “глупава“.

сум возел во нирбургринг и на портомао, но никогаш на имола. нетрпелив сум да се тркам таму бидејќи е историска патека и изгледа навистина кул.

но, ќе биде голем предизвик затоа што ќе имаме само една тренинг сесија, а не знам што имаме планирано за во симулаторот. поради тоа можеби ќе биде добра идеја да се договориме со некоја формула 3 екипа и со нивни болид да добиеме чувство за патекаа. треба само да ги натерам хаас да платат за тоа – се насмевна данецот при својата изјава за BT.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ