Магнусен призна: Жешкиот Мајами ми беше најтешка трка

Кевин Магнусен призна дека неверојатно топлите и влажни услови кои владееле во Мајами донеле најтешка трка на која тој учествувал во кариерата.

Температурата во најголемиот град во Флорида викендов беше над 30 степени, така што онаа на асфалтот и онаа во кокпитот беа значително повисоки, возачите носеа посебни елеци за ладење пред трката, а водата која ја имаат на располагање во кокпитот ни од далеку не беше доволна.

Вообичаено Сингапур е местото каде возачите имаат најголем физички напор додека се тркаат, но Мајами се покажа чекор потежок.

дадовме се од себе и не стигнавме до поени, ќе се обидеме следната трка. ова беше најтешка трка на која сум учествувал, беше топло, неверојатно, неиздржливо топло.

имавме болид за поени како и секој викенд, но не испорачавме во мајами и мораме да се насочиме на анализа и работа за да освојуваме повторно поени – посочи к-маг.

Данецот заедно со својот колега, Мик Шумахер, ја минаа цела трка во борба со болидите на Астон Мартин. Мик се судри со Себастијан Фетел и не успеа да освои поени, а кусо потоа, Кевин имаше контакт со Строл.

променивме гуми под безбедносно возило и мислам дека тоа беше одлично решение. лично одлучив така и ако погрешевме, ќе превземев одговорност.

можевме да освоиме поени, но имавме штета на предното крило од рестартот, штета која не беше мала, а без тоа мислам дека ќе го минев строл до крајот.

првиот контакт со ленс на 2та кривина беше од надвор, на излезот на 3та кривина каде строл прешироко мина, веројатно отскокна од тротоарот и ме удри. потоа за време на претпоследниот круг влета во мене на 11та кривина и беше исто, доцна кочев за да го минам.

јас бев на 11то место и го бркав фернандо алонсо кој имаше казна од 5 секунди и јасно беше дека морам да му се доближам. ме напаѓаше строл, се обие да ме мине, но не успеа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ