Магнусен: Проблемите со болидот беа очигледни уште од Бахреин

Кевин Магнусен смета дека основните проблеми со болидот на Хаас во 2019 година биле очигледни уште на втората трка од првенството, во Бахреин, што довело до мала паника во екипата.

Хаас се мачеа во текот на целата сезона со често непредвидливиот ВФ-19 кој имаше проблеми со аеродинамиката, како и неможноста оптимално да ги користи пневматиците на Пирели. Тимот често се квалификуваше на солидни позиции, но потоа во трката нивните перформанси паѓаа, што ги ограничи Магнусен и Гросжан на само седум пласмани во поени.

Магнусен вели дека проблемите на Хаас бил поради неколку различни причини, но го идентификуваше Бахреин како првата трка во која било јасно дека нешто не е во ред со болидот.

Стана јасно во Бахреин дека имаме проблем, што беше многу чудно бидејќи во зимските тестови и на првата трка болидот беше навистина добар. Дури и во Бахреин се квалификувавме на шесто место или така нешто. Потоа во трката целосно пропаднавме. По тоа имаше мала паника во тимот. Не можевме да се фокусираме и да ја најдеме вистинската причина позади проблемот.

Гледавме многу кон пневматиците и ги посочивме како проблем, додека всушност истиот беше многу поедноставен, едноставно аеро пакетот кој беше нестабилен, а целата платформа не беше доволно силна и доволно стабилна.

Тоа е многу фрустрирачки проблем, бидејќи можевме да се квалификуваме добро, но трката немавме доволно сила. Тоа е фрустрирачки како возач, кога стартувате од позиција, а потоа се борите да ја зачувате, наместо да ги нападнете тие пред вас. Тоа е прилично фрустрирачки.

И покрај проблемите за тимот во сезоната, Магнусен смета дека има сеуште многу самодоверба, земајќи предвид колку тие се млада екипа во однос на останатите.

Ние сме многу млад тим, ова е само наша 4та сезона. Минатата година се пласиравме на петто место кај конструкторите. Мислам дека тоа е прилично импресивно. Не верувам дека има многу тимови кои го постигнале тоа во нивната само трета сезона. Мора да ја искористиме самодовербата од тоа, да го искористиме искуството од оваа сезона и да се вратиме посилни наредната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ