Магнусен сака да остане во Хаас

Кевин Магнусен изјави дека е отворен за соработка со некоја Формула 1 екипа наредната сезона, но пред се сака да остане во американски Хаас. 

Хаас сеуште нема објавено дали ќе ги задржи или замени своите возачи чии договори истекуваат оваа сезона. Данецот вози за тимот од 2017 година и е отворен за соработка во иднина, но сака неговиот тим да донесе одлука. 

Очигледно ги разгледувам сите опции сега. Поминав доста време со Хаас во последните години и сакам да продолжиме со соработка.

Јас сум страствен тркач и разгледувам опции за во иднина. Секогаш сум сакал други работи покрај Формула 1, Но доколку дојде тоа време ќе видам што ќе правам. Не сум сигурен што ќе биде и не можам да кажам каде ќе одам – вели к-маг.

Но, Магнусен останува фокусиран на резултати со Хаас независно од својата несигурна иднина. 

Би било подобро да имам сигурност. Секогаш е подобро да знаеш што те чека и со нетрпение чекам да видам што ме чека. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ