Магнусен сака иднина во голема екипа

Кевин Магнусен сеуште сонува да дојде во некоја од најголемите екипи на Формула 1 гридот. Данецот призна дека го користи својот агресивен стил на возење за да дојде поблиску до зацртаната цел.

се работи за тежок процес. мојата цел ќе се оствари ако подолг период имам перформанси на високо ниво се додека некоја од големите екипи не го увиди тоа. морам да бидам константен и можноста ќе дојде сама по себе – изјави магнусен за дански ВТ.

Кевин најави дека ако во догледно време не успее да обезбеди место каде би бил конкурентен за врвот, сериозно би размислил да се откаже од спортот.

не можам да замислам да ги минам добрите години во мојата кариера борејќи се за 7мо место. ако за 12-15 години ја завршам кариерата и најголем успех ми биде 2ро место не можам да бидам горд со постигнатото.

исто така сонувам да победам на ле ман и на дајтон, но формула 1 сонот е најсјаен. морам да признаам дека има периоди во кои вистински почнувам да верувам дека немам шанси за шампион.

Кевин има углед на “лошото момче“ на гридот, но вели дека не се срами од тоа.

знам дека некогаш сум ја минал границата особено кога сум во топ 10 и тогаш одам на “се или ништо“. преферирам да завршам во болница одошт ода сум 11ти. така ја стекнав репутацијата, но не ми смета.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ