Магнусен сигурен: Хаас нема да “падне“ како Мекларен и Вилијамс

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен не смета дека неговата екипа влегува во спирален пад на формата како Мекларен пред некој година или Вилијамс последните две сезони.

Американците ја завршија 2018 година на 5то место во конструкторскиот поредок, нивни најдобар резултат откако влегоа во Формула 1 во 2016 година, но лани беа лоши и финишираа на 9то место со 28 освоени поени и единствено Вилијамс со поен зад нив.

минатата сезона беше прва година во три кога екипата тргна наназад и не напредуваше. можеби не изгледа толку големо, но од 8мо место до 5то место во три години е одлично. на пример, торо росо никогаш не завршиле во топ 5 во нивната историја. победиле на трка, имаат подиуми, но никогаш не ја завршилр сезоната толку високо како хаас во нивната 3та година, така што секако дека сме импресивни, а никој тоа не го забележа.

навистина е големо задоволство да се вози за екипа која е во подем одошто во пад. имам многу позитивно искуство во нашето заедничко раснење и подобрување како и возбудата од се што се случува.

годинава отидовме чекор назад, така што луѓето веднаш почнуваат да се сомневаат во себе, но ја сне гледам апсолутно никаква причина за тоа. навистина е лудо некој да очекува да напредуваме цело време.

се додека не влеземе во голема негативна спирала како мекларен и вилијамс кои целосно се загубија и неколку години назадуваа, но не мислам дека тоа ќе ни се случи на нас. поради тоа е добра работа да се биде млада и мала екипа, можеме побрзо да ја свртиме ситуацијата во своја корист и да се вратиме на прав пат, а јас сум позитивен дека тоа можеме брзо да го направиме – детално објасни магнусен.

Неговиот колега, французинот Роман Гросжан е со тимот од првата сезона во 2016 година и верува дека може да се подобар доколку секој поединец се погледне и најде начин да направи нешто подобро од лани.

сите треба да бидеме искрени и да се запрашаме што можеме подобро да сработиме и подобриме. треба да ја идентификуваме областа која не беше најдобра, возачите, инженерите, менаџментот, комуникацијата …

сите во тимот треба да се погледнат искрено и да најдат начин да сработат подобро. ако сите го направиме тоа проблемот брзо ќе го решиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ