Магнусен смета дека излетувањето не било драматично

Кевин Магнусен излета во 54от круг на трката во Австралија со што го предизвика второто црвено знаме на истата, а потоа и рестарт кој донесе голем хаос.

Данецот признава дека немало ништо драматично во инцидентот во кој тој ја загуби гумата откако удри во ѕидот во вториот свиок во 54от круг на трката и неговото тркало се оддели од болидот, така што тој мораше да се паркира покрај патеката со што го донесе второто црвено знаме. Иако инцидентот изгледаше опасно, сепак тој смета дека не било нешто приметливо.

не го ни почуствував. Дефинитивно не беше голем удар на болидот, но го скрши бандажот и ја скина гумата – објасни к-маг.

Пред излетувањето, тој немаше среќа бидејќи менуваше гуми пред црвеното знаме.

Штета беше бидејќи бев на 12та позиција, но не знам дали ќе освоев поени. Немав среќа со црвеното знаме.

Изгледав брз, но не бев толку самоуверен. Влегов да менувам под безбедносно возило кое стана после црвено знаме и тука заврши се. Не ми беше денот иако болидот имаше доволна брзина, но охрабрен сум за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ