Магнусен смета дека на Ф1 и фали душа

Кевин МАгнусен се смета себе си за среќен што се тркал во Формула 1, но данецот исто така смета дека на Гранд При болидите им фали душа споредено со тестот за автомобилите на Кадилак кој го одработи на Сибринг минатата недела.

Американски Хаас донесе одлука целосно да го промени својот возачки тандем и да земе двајца дебитанти за годинава, така што Магнусен и Гросжан останаа без работа во врвната моторспорт тркачка серија. Сепак, К-Маг брзо се снајде и потпиша за Чип Ганаси Рејсинг за кои ќе се трка во ИМСА шампионатот во Америка.

последните 6-7 години буквално возам авион, такви се формула 1 болидите што е неверојатно, тие болиди се забавни, но им фали душа. нешто недостасува во формула 1, нешто што порано го имаше, но мојот тест за кадилак ми ги отвори очите.

звукот и начинот на кој одговара моторот на патката сибринг е некако старомоден, но како д ами се остварил сонот, има многу душа во таквото возење – смета магнусен.

Тој ќе биде дебитант во американската серија кога ќе почне шампјонатот оваа година.

се ми е ново мене, целиот автомобил, дури и јазикот на кој зборуваат и изразите кои ги користат во однос на сетирањето, се ми е ново и различно од до сега. но, веднаш се почувствував како да сум дома и неверојатно е повторно да возам прав тркачки автомобил.

секогаш кога ќе ја допрев педалата за гас имав морници. тоа е тоа што ми треба, тоа е тркање, звукот и мирисот даваат неверојатно чувство. не можам д бидам посреќен, возбуден сум и нетрпелив сум за тоа што не чека годианва.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ