Магнусен: Ќе бидеме значително подобри

Данецот Кевин Магнусен најави дека болидот на Хаас за 2020 година треба да биде значително подобар одошто својот лански претходник. МАлата американска екипа тргна етувачки лани пред да донесат аеродинамичко подобрување кое беше во целосно погрешна насока.

од тоа што ми беше кажано, ланскиот болид имаше одредено ниво на потисна сила во воздушниот тунел, а постоеше разлика помеѓу тие податоци и тоа што се генерира на патеката. таа разлика беше огромна.

годинава ќе имаме јасно поголема потисна сила и немаме работи кои би донеле проблеми во корелацијата во однос на податоците со кои располагаме од воздушниот тунел. за сега изгледа добро – откри магнусен за дански BT.

27-годишниот возач останува во тимот за сега, но призна дека имал понуди да ја промени средината во некоја друга екипа од гридот.

имав понуди, но хаас очигледно беше најдобар избор и најдобра опцијаза мене.

кога бев во рено почувствував дека хаас навистина многу ме сакаат. одработивме одлично како тим, јас ја искористив шансата со нив и не жалам.

Иако признава дека неговата цел да биде шампион е далеку, а следна цел кон која се стреми е да доминира во однос на својот колега, Роман Гросжан.

би лажел ако кажам дека тоа не е вистина. во формула 1 сум затоа што сонувам да бидам светспки првак, а не да влезам во топ 10. ако успеам да го победам роман, тогаш веројатно дека ќе ме сакаат повеќе тимови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ