Мазепин во свој стил: Џентлменскиот договор е жива глупост

Никита Мазепин смета дека џентлменскиот договор за непретекнување за време на загревачките кругови во Формула 1 е жива глупост откако доби три позиции за забавување на Ландо Норис на денешната квалификациска сесија.

Русинот беше забавен од неколку болиди за време на првиот квалификациски сегмент додека Ландо Норис наближуваше на летечки круг зад него. Возачите треба да се поместат од траекторијата на движење на оние кои се на брз круг, но Мазепин се најде пред Норис, зад Раиконен и Тсунода кои одеа во боксот, а тој се подготвуваше за свој летечки круг. Тој сакал да си го задржи своето место и да ги мине Кими и Јуки пред да го пропушти ЛАндо.

Но, таа идеја го уништи кругот на Норис на кого му остануваше уште малку за да постави време и мораше да уништи уште еден сет гуми за да стигне до К2. По крајот на квалификациите следуваше истрага од стјуарите кои му дадоа казна од три позиции на русинот и еден казнен поен.

некој ме праша за оној џентлменски договор помеѓу возачите на квалификациите во однос на тоа што се случи на последната кривина во бахреин. мислам дека тоа тогаш беше очигледен пример дека тој договор е жива глупост.

се обидував да останам во ритам и во чекор со оние пред мене, ми кажаа дека имам возач на брз круг зад себе, но беше тешко да ги претекнам двајцата пред мене во последната кривина која е многу бавна и тесна и во исто време да го пропуштам брзиот болид.

ширината на болидот е 2,5 метри и не може три болиди паралелно да минат особено ако четврти болид наближува од позадина. опција за мене не беше да се наредам зад бавните затоа што ќе си го уништев почетокот на мојот круг, така што единствено моежв да продолжам што и го направив, но за несреќа го забавив оној зад мене.

не сум лут затоа што и немаше што повеќе да направам освен да исчезнам, што не знам како се прави.

Казната ништо не му значи на русинот затоа што ионака беше најбавен на денешните квалификации со 20то време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ