Мазепин не знае дали повторнo ќе ја добие старата и тешка шасија

Никита Мазепин не знае дали ќе мора во Саудиска Арабија и Абу Даби да вози со својата претходна шасија која беше сменета на негово барање откако се пожали дека му е потешка од онаа на Шумахер.

Новата шасија русинот почна да ја вози од Белгиското Гранд При, веднаш примети разлика, а тоа се виде и во неговите времиња. Но, тој беше приморан да се врати на сарата “тромава“ шасија на трката во Катар откако ја оштети онаа која ја возеше при едно агресивно минување преку тротоарите на Лосаил.

повторно се вратив на тешката шасија за која како што претходно кажав добро се носи низ кривини, но кога иамте дополнителна тежина, не може да очекувате доро време по круг. знаете дека има причина зошто возачите не јадат помфрит и сендвичи. таа шасија е претешка за мене.

имаме уште две трки и се надевам дека во абу даби ќе ја добијам шасијата којашто ја возев за да извадам максимум за мене и тимот. но, ако не ја добијам, не е крај на светот, крај на сезоната е, а веќе видов со колку голем потенцијал имам со добра шасија на трките во мексико и бразил.

разликата во тежина е голема. но, овој спорт е доста таен и доверлив и се се чува во тајност. не се зборува за такви работи – изјави мазепин.

Гунтер Стаинер најави дека и покрај тоа што шасијата е пукната, може дасе поправи, но тимот мора да се осигура дека тоа ќе биде завршено пред следните трки.

работиме на тоа, може да се поправи иако пукнатината е доста голема, но се поправа. во моментов проблем е логистиката, како да ја транспортираме шасијата назад на патека, затоа што ни е бескорисна за следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ