Мазепин не сака во Индикар

Русинот Никита Мазепин изјави дека не е заинтересиран за влез во американската Индикар тркачка серија.

Иако беше отпуштен од Хаас поради инвазијата на неговата родна Русија над  Украина, тој е оптимист дека еден ден ќе се врати во врвната моторспорт тркачка серија. 

Сигурен сум дека во иднина ќе може да се вратам, Затоа тежнеам кон тоа и се подготвувам  за да можам да влезам во Формула 1 кога ќе дојде време и кога ќе ми се укаже прилика – посочи русинот.

Тој смета дека тимовите ќе бидат заинтересирани за соработка кога ќе заврши конфликтот во Украина. 

Формула 1 е приватен бизнис и тимовите сами носат одлуки. Мојата ситуација нема врска со Формула 1, Тие не ме исклучија од ништо.

најсилните екипи трошат милијарди долари и сметам дека еден ден ќе бидам дел од таа индустрија како бизнисмен, Но не сум заинтересин за Индикар. Секако не можам да кажам што ќе биде утре со мојата кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ