Мазепин откри: Не сум пријател со Шумахер

Рускиот дебитант во Формула 1, Никита Мазепин, изјави дека тој и неговиот колега Мик Шумахер не се пријатели туку се само познаници и не е заинтересиран за славното презиме на колегата. 

Хаас се одлучија за наредната сезона да донесат двајца млади дебитанти Мазепин и Шумахер откако три години по ред имаа непроменет возачки тандем составен од Роман Гросжан и Кевин Магнусен. 

Двајцата млади возачи беа на насловните страни поради различни причини, едниот поради славното презиме и титулата во Формула 2 додека Мазепин поради неславниот почеток откако тој зграпчува девојка и го објавува тоа на Инстаграм. 

Да бидам искрен, неговото име не ми е важно. Не сме пријатели, туку сме стари познаници затоа што  Заедно возевме картинг. Презимето додава сила и проблеми, Но кога ќе го затворите визирот не мислите веќе на тоа – вели мазепин.

Имаше обвинувања дека Хаас го најмиле Мазепин поради спонзорството и парите од пребогатиот татко кои ги носи со себе, но русинот признава дека не очекува тие многу да се подобрат. 

Да бидеме реални, очекуваме тешка сезона. Не мислам дека има многу болиди на патеката со кои ќе може да се тркаме. Можеби и болидот нема да биде добар.

Никита изјави дека доколку не добиел место во Хаас ќе се посветел на образованието.

Мислам дека ќе го довршев факултетот. Јас сум четврта година на Државниот Универзитет во Москва и тоа бара многу напор. Важно е што навреме потпишав договор и знам што треба да правам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ