Мазепин: Руското Гранд При си ги доби парите назад

Никита Мазепин откри дека смета оти промотерите на Големата награда на Русија си ја добиле уплатената котизација за организација на Гранд При викенд назад.

Русинот кој беше отстранет од Хаас во пресрет на сезоната откако Западот наметна санкции кон Русија поради агресијата над Украина, се пожали дека тимот му должел заостанати плати и дека ќе си ги бара парите на суд.

Се појавија гласини дека ВТБ Банка, главниот спонзор на трката, нема намера да компензира никаква штета за настанот.

ние да компензираме? спротивното, росгонки како промотери авансно уплатија котизација за одржување на формула 1 трка и сега не може да си ги добијат парите назад. навистина нема основа да не си ги добиеме парите назад – изјави претседателот на втб банката, андреј костин.

Сепак, 23-годишниот возач Мазепин, чиј татко Дмитри и неговата компанија Уралкали исто така беа отстранети со Хаас, има поинакви информации.

не знам какви биле реакциите во формула 1 на моето отстранување, не ги контактирав бидејќи немаа ништо со тоа. патем, јас имам одличен однос со тогашниот прв човек на фиа, жан тод како и со актуелниот претседател бин сулајем и целото раководство на формула 1.

според моите информации, формула 1 има намера да ги врати парите на росгонки за откажаната трка правејќи исправна работа и пример. тоа се деловни односи и не може да се направи нешто спротивно со тоа, има насоки и правила на кои мораме да се придржуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ