Мазепин сака да го проба првиот сектор на КОТА

Никита Мазепин со нетрпение чека да го испроба првиот брз сектор на КОТА на трката за Големата награда на Америка. 

Во неговата прва сезона, русинот ќе го има првото искуство на КОТА во Формула 1. Дизајнот на патеката копира неколку легендарни свиоци кои се доста популарни помеѓу возачите. 

Првиот сектор е најбрз на патеката каде по нагорнината се влегува во првиот свиок и подоцна наредните кривини 3, 4, 5 и 6 наликуваат на познатите Маготс и Бекетс од Силверстон. 

со нетрпение ги чекам брзите свиоци во првиот сектор. Првиот и третиот свиок ме потсетуваат на Австрија. Ова е интересна патека и никогаш досега не сум се тркал тука. Има многу ритам на патеката и мислам дека брзо ќе се приспособам – изјави никита.

Мик Шумахер за прв пат ќе вози во Америка која не е само домашна патека на Хаас, туку и дел од големиот пазар на Формула 1 каде се очекува раст. 

Ова е наша домашна трка и возбуден сум поради тоа. Го сакам Остин и Америка.

Формула 1 не беше толку популарна во Америка пред серијата Drive to Survive. Со нетрпение го чекам одличното шоу и сум супервозбуден.

Мислам дека е посебна патека. Првиот дел е многу брз со тесни свиоци и патеката е нерамна. Се надевам дека ќе биде влажна трка на која ќе ги искористиме сите шанси. Имав неколку добри борби и мислам дека ќе продолжам во таа насока. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ