Мазепин ќе тужи за неисплатени плати

Никита Мазепин изјави дека ќе го тужи американски Хаас за неисплатени плати. 

Рускиот возач, чија компанија Уралкали го спонзорираше Хаас, беше избркана од падокот како дел од светските санкции против Русија. Мазепин направи фонд за подршка на руските спортисти кои се под санкции и сега реши да си ги бара своите неисплатени плати од Хаас. 

кога тие ми го раскинаа договорот, не ми ги исплатија платите. Мислам дека тие најмалку што треба да направат е да ми ја исплатат платата до тој момент. Целиот свет е против нас и мислам дека тоа е погрешно, Но тоа е мое мислење. Не се исполнети обврските – посочи никита.

Мазепин изјави дека неговиот татко Димитри ги тужи Хаас поради раскинувње на спонзорскиот договор. 

Мора да разбереме дека тоа се два различни договори. Раскинување на спонзорство е различно од ова. Тоа се различни работи. Доколку не си ги добијам парите, се гледаме на суд. Тоа е мое лично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ