Макс за болеста пред Џеда: Не можев да дишам

Макс Верстапен откри колку му било тешко за време на Саудиското Гранд При откако задоцни ов Џеда поради болес и пристигна на патеката дури во Петок.

Од падокот во Мелбурн, тој појасни дека се мачел со дишењето, се чувствувал како да му недостасува нешто и не му било целосно удобно додека возел уште од прват серија. И покрај силниот стомачен вирус, тој успеа да дојде до 2ро место откако стартуваше како 15ти, а патем дојде и до најбрзиот круг и го задржа водството во возачкиот поредок.

ми беше многу лошо додека бев дома, едвај одев и се движев. не можев да дишам и во пресрет на викендот мислев дека нема да може да се тркам затоа што вообичаено, кога ќе се разболев, по 2-3 денови бев како нов и се враќав на тренинг, но не и овој пат.

кога прв пат влегов во болидот во петок, по еден летечки круг, чувствував дека следните два треба да одмарам и да не притискам за да можам нормално да дишам. дефинитивно ми влијаеше на целиот викенд што не ми се допадна затоа што е почеток на сезоната, а имав физичко ограничување. тоа е фрустрирачко – откри верстапен.

Тој посочи дека одморил добро по трката во Саудиска Арабија и дека овој викенд треба да биде нормален за него.

одтогаш вежбам, тренирам и ја враќам формата и мислам дека многу се подобрив и ќе имам нормален и вообичаен тркачки викенд. се си доаѓа на свое место, а џеда ионака е многу тека патека, а кога не ви е добро е многу “зезнато“.

се случуваат вакви работи, вируси и болести, но се надевам дека до крајот на годината ќе ми биде добро.

Холанѓанецот никогаш немал подобар пласман од 3то место на Мелбурн Парк, а лани се откажа од трката додека беше на второ место, но овој пат е убеден дека РБ19 ќе биде доволно силен за победа.

не сме биле силни на оваа патека последните неколку години, но од почетокот на сезонава сме силни. мислам дека ако оваа трка беше подоцна ов календарот, ќе имав подобар резултат, но тоа е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ