Макс за новиот болид: Секако дека е различен

Иако со “голо окон“ е тешко да се забележат разлики помеѓу ланскиот и овогодишниот Ред Бул, Макс Верстапен појаснува дека има разлика во Б-спецификацијата со која ќе се трка годинава.

Тимот објави две фотографии од новиот болид во Вторник, а истиот дебитираше на Силверстон ден подоцна, а фановите “се утепаа“ барајќи разлики со ланскиот пакет. Видлив беше само променетиот под поради промената на правилата, а останатите разлики не се визуелно воочливи.

секако дека постојат разлики, а главната е на подот од болидот затоа што голем дел од него е отстране што секако дека ќе има влијание на држењето на болидот на патеката. но, тоа не се сите новини затоа што работевме да добиеме добро чувство при возењето, а вистинската работа почнува на тестот во бахреин – најави макс.

Следното возење на новито болид ќе биде тридневниот тест во Бахреин на средината на следниот месец, а потоа следува и трката аз време на последниот викенд од Март.

сегаш сум нетрпелив за тркачките викенди, но претходно имаме три денови тестирање што не е многу, но тоа е, исто е за сите. секогаш сметав дека шест денови тест се многу иако обожавам да возам формула 1 болид, но на тест нема тркање.

се надевам дека моето време во болидот на тест нема да биде со проблеми затоа што е важно да комплетираме колку што може повеќе километри поради сетирање и привикнување на болидот. смао со вистинска подготовка можеме да бидеме конкуренти од почетокот на сезоната.

Бахреинското Гранд При на Шакир ќе биде прва трка од вкупно 23 на број колку што ќе има овогодинешната сезона.

има многу трки и останува да видиме како ќе се развива сезоната. се надевам дека ќе го комплетираме целосниот календар и дека нема да биде толку жестоко како лани затоа што занеме дека не беше идеално.

ќе видиме што ќе се случи годинава, но фокусирани сме да искористиме колку што може повеќе за едно со хонда и да ги постигнеме целите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ