Макс: Лошата видливост прави многу лесно да се греши пред стартот

Макс Верстапен, како и многу други возачи од гридот, застанаа на страната на Фернандо Алонсо и Естебан Окон кои добија по 5 секунди казна на последните две трки поради лошо позиционирање на своите болиди на стартниот грид.

Во Бахреин, Окон го постави својот Алпин неправилно на стартот, а истото го повтори и Фернандо Алонсо во Саудиска Арабија, при што двајцата добија по пет секунди казна за таквата грешка.

Верстапен застана на нивна страна, посочувајќи дека слабата видливост со сегашната генерација на болиди прави грешка од таков вид многу лесна за да се направи. Болидите имаат голем и долг нос, големи тркала, а позицијата на седење не е многу прегледна, така што лесно се грешки.

видливоста од болидот е навистина доста лоша, така што веројатно тоа е главен проблем кога се местите на стартот од трката. болно е кога ќе ви се случи нешто такво, боли како на пример кога ви даваат казна за пречекорување на границите на патеката. некогаш го спорите тоа, но што фајде? – вели макс.

И победникот на последното Гранд При, Серхио Перез, размислува во иста насока.

навистина е тешко точно да се види каде се застанале. по мене, јас на стартот застанав прерано и се наместив премногу назад, но немате претстава за тоа од болидот додека седите, не знаете дали сте премногу напред или назад.

ни треба подобра видливост или подобра идеја од сегашната. добро е што има правило и што се казнува, но во исто време ви треба навистина многу среќа за добро да се наместите.

Младиот возач на Мерцедес и директор во Асоцијацијата на Гранд При возачи, Џорџ Расел, повика на разум за ситуацијата во која се најдоа неговите двајца колеги.

тешко е позиционирањето. мораме да седиме многу ниско и ги гледаме најмногу 10-тина сантиметри од гумитем така што зејата не се ни приметува, асфалтот не се гледа. имаме долги жолти линии кои ни даваат некаква претстава, но не е така лесно затоа што не можеме да го одредие страничното позиционирање.

навистина е тешко и поради тоа сметам дека фиа треба да покаже поголема толеранција во делењето казни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ