Макс најавува крај на серијата без победа во Мелбурн

Макс Верстапен се надева дека годинава ќе заврши серијата без победа на Ред бул на Алберт Парк откако последниот триумф на “биковите“ таму беше дури во 2011 година.

Ред Бул доминираат од почетокот на сезонав и на двете одржани трки дојдоа до доминантни 1-2 победи. Поради тоа, тие се фаворити за трката која претстои во Мелбурн.

Лани холанѓанецот се повлече од Австралиското Гранд При поради проблем со системот за гориво, но се надева дека годинава ќе дојде до највисокото скалило на подиумот.

нетрпелив сум повторно да одам во австралија затоа што секогаш се чувствувам ријатно таму, иако од тркачка гледна точка тоа место никогаш не било добро за ред бул.

патеката е одлична со некои прекрасни летечки кривини и уживам додека возам таму така што се надеваме на одличен тркачки викенд. треба само да бидеме чисти и константни. не сме победиле таму од 2011 година, така што останува да видиме што можеме сезонава.

Последната победа за тимот во Мелбурн дојде благодарение на Себастијан Фетел во доминантната 2011 година кога се прошета до титулата, а на Алберт Парк победи со над 20 секунди предност пред Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ