Макс откри како го охрабрил де Врис пред Монца

Двократниот светски првак, Макс Верстапен, откри дека му дал совет на доктор Хелмут Марко да го контактир Ник де Врис за евентуално место следната година по импресивниот пласман на холанѓанецот во Монца.

Ник имаше феноменално деби за Вилијамс како замена за Александер Албон на Италијанското Гранд При и дојде до поени со неконкурентен болид. Дебито на де Врис дојде по тестовите за Мерцедес на Пол Рикар, тестот за Астон на Монца, што значеше дека има доволно познавање пред тркачкиот викенд на кој доби шанса.

По импресивното 9то место и поените за тимот од Гроув, Макс Верстапен откри дека лобирал кај доктор Марко за својот сонародни, но и му дал совет на Ник.

му кажав на ник да му се јави на хелмут. го видов хелмут по трката и беше задоволен и импресиониран и знам дека беше вистински време да му се јави – објасни макс.

Окако де Врис добил насоки да го контактира Марко, имале состанок во Грац, родниот град на Хелмут каде биле договорени деталите за тој да го превземе местото на Гасли во АлфаТаури.

ник имаше преговори со други екипи, но тоа е убавото со ред бул и хелмут. штом тој ве сака во болидот и сака да возите за него, многу брзо може да ја заврши целта работ.

се сеќавам дека ник му се јави во вторник пред трка, во среда или четврток веќе имаа состанок во грац кој мина одлична. во исто време пјер разговараше со алпин многу така што место за ник имаше веднаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ