Малдонадо: Рено погреши што ме замени со Палмер

Поранешниот Формула 1 возач, Пастор Малдонадо, смета дека одлуката на Рено да го отпушти и да го замени за Џулион Палмер во 2016 година било лош и погрешен потег кој до ден денеска не го разбира.

Венецуелецот со силна државна финансиска поддршка мина три сезони во Вилијамс на почетокот на својата Формула 1 кариера, а во 2014 година мина во тимот кој тогаш се тркаше под името Лотус, но имаше огромни финансиски проблеми. За својот тогаше трансфер смета дека бил вистински потег, но не можел да предвиди дека ситуацијата толку драстично ќе се промени за само неколку месеци.

во тоа време имав две опции, форс индија или лотус. беше логичен избор, лотус спонзорираа големи имиња и брендови кои имаа интерес во мојата земја, соработуваа со унилевер, кока-кола, мајкрософт и поради тоа лотус беше добра опциј за мене.

помеѓу крајот на ноември и почетокот на јануари, ситуацијата целосно се промени, тимот стана поинаков, ерик булие замина, ништо не беше како порано, останаа само неколку добро луѓе, имаше огромен стрес и притисок и не знаев што да правам.

симулаторот не работеше затоа што немаше повеќе пари за негово одржување, а додека работеше имаше само 2-3 патеки затоа што секоја нова патека чини 20.000 евра – објасни малдонадо за motorsport.com.

Проблемите на патеката беа исто толку сериозни и екипата освои само 10 поени, сите поради пласманите на Малдонадо. Слабите перформанси главно потекнуваа од бројните дефекти со моторот на Рено, истиот мотор кој победуваше во Ред Бул кај Даниел Рикардо.

половина од сезоната не успевавме да завршиме трки поради структурни и механички проблеми со моторот кој самиот од себе се расипуваше. ред бул победуваа на трки со истиот мотор и се тркаа со мерцедес, додека ние не успевавме да го проработиме. не беше дека бевме бавни, но моторот понекогаш не сакаше ни да запали. тоа многу “го утепа“ тимот и не беше убаво да си дел од таква екипа во тоа време.

Следната 2015 година беше подобра за Лотус кога Малдонадо освои 27 поени, но неговиот колега Роман Гросжан дури 51, по што тимот беше превземен од Рено и стана фабричка екипа. Фабричкот тим потоа реши да го замени Малдонадо со Палмер.

кога екипата стана рено, знаев дека нема место за мене таму, но не ги разбирав, еден ден ме сакаа, следниот не и се беше помешано. не разбирам зошто го одбраа палмер наместо мене дури и ако носеше пари. донесоа некои многу лоши одлуки околу возачите, персоналот и болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ