Малезија: Браво Даниел Рикардо

Со 1-2 победа, тимот на Ред Бул е сензационален победник на Големата награда на Малезија, прва победа по овогодинешното Шпанско ГП, но тогаш победи Макс Верстапен, а овојпат Даниел Рикардо. Ова е 2ра победа за “разјарениот бик„ сезонава нивна 52ра во историјата, 17та во доминантен 1-2 стил, а 131ви подиум.

Кој чекаше – дочека. Даниел Рикардо можеби “скисна“ по Монако, но Сепанг му ја донесе 4та победа во кариерата, по пауза од повеќе од две години, откако Спа во 2014 година беше неговиот последен триумф. Исто така, ова беше 16ти триумф за австралиецот.

На почетокот на загревачкиот круг имаше возбудувања, откако Фелипе Маса имаше проблеми со педалот за гас, се “закопа“ во место и мораше да тргне од бокс. Подоцна во текот на трката доби и дупната гума и оштетно предно крило, и како капак на се заврши на баксузното 13то место во неговото последно појавување во Формула 1 болид во Малезија.

masa_zagrevacki_malezija

Стартот донесе возбуда. Мерцедес како по обичај тргна бавно, Ред Бул како по обичај така-така, а Ферари како по обичај имаа силен старт. Ветел нападна од внатрешниот дел на првиот свиок, но по се изгледа претера. Макс имаше контакт со задното лево тркало на германецот, а Ферарито се удри во Мерцедесот на Нико и целото предно лево тркало се уништи. Ова значеше три работи, крај на трката за Себ, извртување по кое Нико се врати на 17то место и виртуелно безбедносно возило на патеката. Овој инцидент стјуардите треба да го разгледуват по трката.

Стартот беше сведок и на уште еден судар, кога нетрпеливиот Квјат се “нурна“ во внатрешноста на Рено-то на Кевин Магнусен. Поради ова оштетување, Кевин Магнусен мораше да се паркира во боксот во 19от круг.

kvjat_start_malezija

Виртуелното безбедносно возило беше на сила 4 кругови, а на самиот крај Макс Верстапен на сомнителен начин ги мина Серхио Перез и Кими Раиконен и дојде на 3то место. Раиконен по рестартот го мина Перез за 4то.

Во 5от круг Фернандо Алонсо, кој стартуваше последен, веќе беше на 10то место, а следниот круг го мина Роман Гросжан и возеше на 9та позиција.

Рман Гросжан возеше само 9 кругови поради тоа што при затворање на неговиот ДРС имаше нестабилност и “го изгуби“ болидот. Французинот заврши крај патеката и ја продолжи серијата на незавршени трки. Инцидентот на Хаас донесе повторно Виртуелно безбедносно возило во кое многумина се решија за променат гуми. Верстапен стави софт, а Розберг хард компонента.

Најдобро пласираните возачи менуваа во 21от и 22от круг. Прв промени Кими, потоа Луис и на крајот Рикардо и сите ставија портокалова хард компонента. По излегувањето од бокс, Макс ја поведе трката, пред Луис, Даниел и Кими.

5 кругови подоцна и Макс Верстапен влезе во бокс и доби хард компонента. Сепак, придобивка е што успеа да мине Ферари преку бокс и го превзема 3то место на Раиконен.

Нико Розберг влезе по нови хард гуми во 32от круг, а Кими сакајќи да ја покрие неговата стратегија истото го направи следниот круг. Ферари се одбрани од налетот на Мерцедес, но само 5 кругови.

Во 38от круг, Нико беше во ДРС зоната на Кими Раиконен и го мина на вториот свиок. Но, минувањето не беше најчисто и поради тоа германецот беше казнет со 10 секунди. болидот на Розберг го пресече Ферарито со број 7 и дури откина еден дел од неговото предно крило.

roz_kimi_malezija

Во овие моменти Естебан Окон ја доби својата 2ра казна за пребрзо возење пред боксовите. Нешто очигледно не беше во ред со ограничувањето на брзината кај Манор.

Во кругот број 39 имаше дуел во Ред Бул, дуел по кој сите се потсетија на легендарното Multi 21. Сепак, Рикардо го мина Верстапен и машки се одбрани од нападите кои следуваа потоа од страна на тинејџерот. Дури и Марк Вебер на подиумот се потсети на тоа и искоментира Мулти 33.

И додека сите гледаа како Ред Булите “танцуваат“ еден до друг, првиот свиок донесе драма. Болидот на Луис Хамилтон на ракетен погон со план од задниот дел. Крај за Луис. Од тимското радио се слуша “не, не, не“. Хам со хард пневмацитие 20тина кругови возеше “до даска“ обидувајќи се да направи доволна предност за комотно да промени уште еден сет гуми. Повторно Виртуелно безбедносно возило на патеката.

Додекка трката беше забавена, првата четворка веднаш отиде во бокс да промени на жолтата компонента софт пневматици. Верстапен го бркаше Рикардо за победа, а Кими не требаше да му дозволи на Нико да направи 10 секунди предност и да освои подиум.

42от круг беше катастрофален и за другиот Хаас, бидејќи гумата на Естебан Гутиерез го напушти своето место. Ризичен момент поради кој Хаас ќе бидат под истрага.

Во 48от круг трката ја напушти и Фелипе Наср.

rikardo_pobeda_malezija

Сумирано, 1-2 победа за Ред бул, Розберг со 10 секунди казна успеа да дојде до подиум, а Раиконен да остане 4ти. Одличен резултат забележа Вилијамс со 5то место на Ботас, а нивните конкуренти Форс Индија имаа 6то и 8мо место.Мекларен во двојни поени со 7то место на Фернандо и 9то на Батон. Први поени и за Џулион Палмер, Честитки.

Мерцедес не освои титула, но Ред бул сега има предност од 46 поени во однос на Ферари, додека за 4то место, Форс Индија “му бега“ 3 поени на Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ