Мансел: Алонсо може да си даде авто гол

Најџел Мансел, Формула 1 првакот од 1992 година е загрижен дека посветеноста на Фернандо Алонсо на две серии годинава може да му наштети на Мекалрен. Освен Формула 1, шпанецот сезонава ќе комплетира и ВЕЦ серија со многу густ календар сакајќи да стане вториот возач во историјата на моторспортот со Тројна круна.

Откако му пропадна ланскиот обид за победа на Индијанаполис 500, Алонсо сака годинава да победи на 24 часа Ле Ман и тој триумф да го придодаде на победите од големата награда на Монте Карло.

Не знам која е мотивацијата на Алонсо, но по мене тој нема да биде доволно конкурентен како што сите се надеваат ако се рефрла од една на друга тркачка серија.

Кога сте роден победник сакате секогаш да бидете конкурентни и да се тркате при врвот. Ако рационално размислувате и се обидете да завршите неколку работи одеднаш, може да си дадете авто гол – изјави Менсел за Sky Sports.

Британецот Мансел е единствен возач кој во исто време бил првак во Формула 1 и во КАРТ во 1993 година, но сеак смета дека Фернандо треба да даде приоритет на една серија.

Условите денеска се многу поразлични од порано. Издржливоста е многу подобрена, но не смее една серија да ви до одвлекува вниманието од друга. Ако се е совршено складно, тогаш може да биде фантастична забава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ