Мансел заработил 6 милиони фунти од продажба на болиди

Неодамна на аукција беа продадени два болиди на Најџел Мансел за сума од 6 милиони фунти. 

Тој во својата кариера возеше неколку легендарни болиди, а меѓу нив е болидот на Вилијамс ФВ14 кој е познат како таксито на Сена. Таквиот примерок беше продаден за неверојатни 3.45 милиони фунти. Болидот се продаде без мотор Рено, а Мансел го имаше добиено од екипата како сувенир. 

Вториот продаден болид на Мансел е Ферари 640 од 1989 година. Со него тој победи во Бразил истата година и уште еднаш во Унгарија. Тој болид беше комплетен, заедно со мотор, и се продаде за 3.51 милион фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ